Ураганот „Доријан“ се движи кон Канада
Ураганот „Доријан“ вчера на кратко време ги погоди островите Аутер Бенкс во американската Северна Каролина, носејќи со себе силни ветрови и бранови, а потоа се упати кон Канада.
Невремето го погоди Кејп Хатарас на Аустер Бенкс околу девет часот наутро, со налети на ветрот од 150 километри на час, соопшти Националниот центар за урагани.
„Доријан“ подоцна започнал да се оддалечува од средноатлантските земји и се упатил кон Канада, каде се очекува вечерва да донесе ветрови со јачина на ураган во делови од канадската провинција Нова Шкотска.
Невремето предизвика поплави на островот Окракок во Аутер Бенкс и прекин на електрична енергија, изјави пред новинарите гувернерот на Северна Каролина Реј Купер.
Ураганот ослабна до бура од категорија еден, но носи ветрови со јачина од 145 километри на час. Тоа е значително послабо од минатата недела, кога ги погоди Бахамите, при што загинаа најмалку 43 лица, известуваат локалните медиуми, додавајќи дека веројатно ќе се зголеми бројот на жртвите.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Маргарита Цаца Николовска
-
Со поддршка од Европскиот фронт донесен Законот за реорганизација на Владата
-
Гаши: Не верувам дека има друг кој ја сака Македонија повеќе од мене
-
Инцидент во Кичево и препишување на вториот испит од државната матура
-
Сите за правично судење: Оставки за враќање на довербата во Судскиот совет
-
Пред стартот на жетвата на пченица земјоделците бараат утврдување на производна и откупна цена
-
Каналот Студенчишта и ова лето паркиралиште за пловилата
-
Преглед на вести од светот