-->
-->
Ураган удри во Европа: Невремето беснееше, корнеше дрвја, стотина илјади луѓе без струја
-->
Ураганот Лесли утрово ја погодил Португалија со удари од ветер со јачина од 176 километри на час, кои корнеле дрва и оставиле стотици илјади луѓе без струја.
Ураганот кој се движел низ Атлантскиот океан од 23. септември, станал постропска олуја кога стигнал до португалскиот брег рано утрово. Црвена ознака за паника била прогласена во голем дел од Португалија.
"Моментално се работи за постропска олуја која веќе се наоѓа на крајниот север на земјата, каде уште ќе паѓа дожд, но ситуацијата брзо ќе се врати во нормала", рекол утрово претседателот на португалскиот метеоролошки институт, Хорхе Миранда за новинската агенција "Lusa".
Десетина илјади луѓе останале без струја, а голем број морале и да ги напуштат своите домови.
Најтешко погодени се областите кај Лисабон, Лериа и Коимбре во центарот, каде најголем број на инциденти се поврзани со откорнати стебла, оштетени кровови или помали поплави.
Во Шпанија, метеоролошката служба "Aemet" предвидува дека областите Астуријас, Леон и Кантабрија ќе бидат посебно погодени од силни дождови кои олујата ги донела на северот на земјата.
Шпанија од неодамна е погодена со силни дождови на Мајорка, каде 12 лица настрадале во поплавите во вторникот.
Португалските власти им препорачале на жителите да се оддалечат од крајбрежните зони и да избегнуваат да излегуваат од дома, предупредувајќи ги на ризикот од поплави, паѓање на дрва и штета во електричната и телекомуникациската мрежа.
Исто така предупредени се и рибарите кои се наоѓаат на море, да се вратат на најблиското пристаниште, а португалската авио-компанија TAP откажала седум лета.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Избори во САД 2024: Кои се мега-богатите донатори кои го поддржуваат Трамп?
-
Повеќе од 30 лица го загубија животот во поплави во Бразил, 60 лица се водат како исчезнати
-
Турција ги прекина трговските односи со Израел
-
Северноатлантскиот совет ги осуди последните руски хибридни закани
-
Променливо облачно со пороен дожд и грмежи
-
Состојба на патишта
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032