Свет
11. October 2018 - 8:58

Ураган убиец ја опустоши Флорида: Маж и дете загинаа, остана ужасна глетка на разурнати куќи и патишта

Ураганот Мајкл ги однесе првите жртви на Флорида, додека над 400 илјади приватни куќи и деловен простор во сојузните американски држави Флорида, Џорџија и Алабама останаа без струја откако бурата го погоди северозападното копно на Флорида.

Првата жртва е маж врз кој паднало дрво кое пропаднало низ покривот од неговата куќа на Флорида, потврди портпаролката на округот Гадсен во таа сојузна американска држава.

Дете загина во Џорџија, јави Си Ен Ен. Се претпоставува дека до смртта дошло кога нешто паднало на куќата во која било. Спасителите не можеле да дојдат до куќата во која било детето па не се знаат деталите.

Ураганот, кој во средата попладне се истури врз брегот на Флорида го опустоши тоа подрачје и донесе ветрови со брзина од 200 км/час.

 
Фотографиите и видео-снимките покажуваат куќи од градот во кој има околу 2.000 жители како се искршени на парчиња.
 
Панама сити, град на некои 32 километри од Мексиканската плажа, претрпе силни удари од бурата, се рушеа дрвја, далеководи и се корнеа покриви и рушеа куќи.

Најсилната бура која ја погоди Флорида во овој век, доведе до поплави, потопени патишта и куќи.

Над 300.000 куќи и деловни објекти останаа без електрична енергија.

Гувернерто на Флорида Рик Скот ги повика локалните жители да останат внатре и надвор од патиштата, откако спасувачите влегоа во најтешко погодените области. Државните органи се уште ја проценуваат штетата.