-->
-->
Управувал возило со 2.05 промили алкохол во крвта, приведен 22-годишник
-->
На 12.08.2025 во 00:17 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода А.Ј.(22) од село Конопница, кривопаланечко.
При контрола на патниот сообраќај, на улица „Св. Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „фолксваген голф“, кое го управувал А.Ј., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.05 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Филипче: Нема сценарио за хаос на избори
-
Деканот на Градежен, Горан Марковски кандидат за градоначалник на Скопје од Независни заедно
-
Герасимовски бара граѓански кандидат за Совет
-
Стефковски: Историски развој на Гази Баба, реализирани 670 проекти за 4 години
-
ЗНАМ: Наскоро имиња за Центар и Куманово
-
Преглед на вестите од светот
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Деканот на Градежен нов независен кандидат за градоначалник на Скопје