УПОЗ разгледува можноста за продолжување на штрајкот
Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) и Здружението за судска служба (ЗСА) денеска соопштија дека ја разгледуваат можноста повторно да одржат протест и да го продолжат штрајкот поради неисполнување на нивните барања во врска со Законот за судска служба.
Во соопштението се наведува дека нема интерес од страна на ресорното Министерство за измена на Законот и оти сите рокови се пробиени.
- Работни групи од Синдикатот на УПОЗ и ЗСА и Судскиот совет заеднички подготвија нов предлог текст на Законот за судска служба во кој се опфатени сите предлози и забелешки на Синдикатот и ЗСА. Текстот на Законот беше предаден во Министерството за правда и беше побарано истиот итно да биде разгледан, да се прифатат предлозите и да отпочне постапка за негово донесување. Меѓутоа, заради наводна „зафатеност“ на министерот, договореното не се оствари. За тоа сметаме дека од негова страна не постои интерес да се надмине овој проблем, се вели во соопштението.
Синдикатот на УПОЗ и Здружението за судска служба на 3 декември одржаа предупредувачки штрајк во сите судови незадоволни од Законот за судска служба.
Ново на Сител
-
Трамп положи заклетва за претседател на САД
-
Двајца велешани физички нападнале жител на Чашка и го оштетиле возилото во кое се превезувал
-
МВР: Фатен бегалец од КПУ Затвор Идризово
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и затајување против началник во МВР
-
Кривична пријава против битолчанец за кражба на дрва
-
Си префрлила 396.234 денари од компјутерот на слот машини за да се коцка, кривична за 28-годишна Кочанка
-
Кривична пријава против двајца Турци за фалсификување исправа
-
Нови два случаи на Ковид-19, во 2025 вкупно 13 заболени