УНВТО: Се очекува пад на туризмот во светот за 70 отсто

Глобалниот туризам се очекува да падне за 70 проценти оваа година во однос на претходната, изјави денеска шефот на Светската туристичка организација на Обединетите нации (УНВТО).
– Претходните глобални кризни ситуации доведоа до пад на туризмот од 10 до 20 проценти, но пандемијата Ковид-19 е полоша, рече генералниот секретар на УНВТО, Зураб Пололикашвили на видео конференција за новинари со говорници во Мадрид, пренесува Си-Ен-Ен.
Тој рече дека ова лето поголем број луѓе ќе патуваат по копнен пат отколку со авиони, како и тоа дека планинскиот туризам ќе биде поактуелен од плажите.
УНВТО очекува меѓународните летови повеќе да продолжат во септември доколку вирусот биде под поголема контрола до тогаш.
Пололикашвили рече дека Европа ќе се смета за модел што треба да се следи, затоа што е најпосетуван регион и најдобро подготвен поради нејзината здравствена инфраструктура.
Според него, таканаречените „зелени коридори“ што ќе овозможат насочено патување меѓу два региона, во различни земји, кои покажале ниска стапка на инфекција со коронавирус, би можеле да бидат првиот чекор кон рестартирање на меѓународниот туризам.
Ново на Сител
-

Приведено едно лице од гостиварско, пронајдена дрога
-

Зеленски: Русите ја нападнаа Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети
-

Од патарина во првите девет месеци инкасирани 58,725 милиони евра, електронската наплата 35 проценти
-

Најмногу дожд изминатото деноноќие наврал во Пожаране и Попова Шапка
-

Трамп: Ниту еден американски претставник нема да патува на самитот Г20 во Јужна Африка
-

Почина нобеловецот Вотсон, еден од научниците што ја откри структурата на ДНК
-

Кривично ќе се гонат четири лица за организирање борби со кучиња
-

АМСМ: Возете внимателно, коловозите се влажни
