Универзитетски професори вклучени во консултациите за Програмата за економски реформи 2018-2020

За поголема вклученост на академската јавност во подготовката на стратешки документи, каква што е Програмата за економски развој, денеска во Министерството за финансии беше организиран консултативен состанок помеѓу министри од Владата на РМ и универзитетски професори.
Покрај министерот за финансии Драган Тевдовски, на состанокот присуствуваа вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министрите за образование и наука, за труд и социјална политика, за земјоделство, шумарство и водостопанство и за информатичко општество и администрација, Рената Тренеска Десковска, Мила Царовска, Љупчо Николовски и Дамјан Манчевски, како и универзитетски професори, претставници од Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, Универзитетот на Југоисточна Европа, „Американ колеџ“ и ФОН.
- Од двете страни беше изразено задоволство и истакната потребата од вклучување на академската фела во носењето на стратешки документи кои играат значајна улога во евроинтегративните процеси на земјата, соопшти Министерството за финансии.
По повод Програмата на економски реформи, Министерството за финансии планира да одржи консултации и со други целни групи кои ќе придонесат во нејзина изработка.
Во 2015 година Европската комисија ги покани земјите од Западен Балкан преку подготовка на годишни Програми на економски реформи да ги подобрат економските политики и економското управување. Програмата на економски реформи за периодот 2018 - 2020 година е четврт ваков документ кој се изработува согласно насоките на Европската комисија. Програмата ја прикажува среднорочната макроекономска и фискална рамка, како и секторските структурни реформи за промовирање на конкурентноста и растот.
Ново на Сител
-

Муцунски по извештајот на ЕК: До крајот на годинава ќе има реформи во правосудството
-

Проблемот со недостиг на лекови на онкологија ќе се решава со законски измени
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Трагедија во Тузла
-

Филипче: Остануваме слепо црево на Балканот - Владата нема капацитет да ја води државата
-

Експерти: Критиките на ЕУ за судството и корупција се очекувани, како до позитивни оценки?
-

Македонија се оддалечува од стандардот на ЕУ, нема напредок во клучните економски реформи
-

Влошени прогнозите за инфлација, подобрени за раст на економијата
