УНИЦЕФ: Во Појасот Газа за три месеци загинаа повеќе од сто деца

Повеќе од сто малолетни лица се убиени во Појасот Газа откако стапи во сила примирјето во октомври минатата година, соопшти Фондот за деца на Обединети нации (УНИЦЕФ).
Во извештајот на УНИЦЕФ се наведува дека помеѓу загинатите 60 се момчиња, а 40 девојчиња.
Портпаролот на УНИЦЕФ, Џејмс Елдер истакна дека смртните случаи се главно предизвикани од воздушни напади и напади со беспилотни летала, но оти се регистрирани и загинати малолетни лица од огнено оружје, како и жртви на неексплодирани направи од претходните борби.
– Ова зима шест деца починаа од хипотермија – наведе Елдер.
Според него, бројот на жртвите најверојатно е поголем, бидејќи УНИЦЕФ евидентира само потврдени случаи.
Израелската армија тврди дека никогаш намерно не ги таргетира децата и оти секогаш се стреми да ги поштеди цивилите во своите операции.
МИА
Ново на Сител
-

Полуфиналето на турнирот во Порто и донесе скок на Ѓорческа од 12 места
-

Епидемиологот Оранска од ВМЦ: Четворица заболени од шуга во касарната во Велес, болеста не потекнува од Армијата
-

Тешко повредено 11 годишно момче во Штип, со велосипед удрило во дрво
-

Без вода утре делови од Карпош
-

Директорот на ДЗС на средба со доброволни пожарникари за засилување на соработката
-

Меморијален марш „Кети Милковска и 63 Ангели“ во Македонска Каменица
-

Министерство за одбрана: Случајот со шуга кај професионални војници не потекнува од касарната во Велес, апелираме да не се манипулира јавноста
-

Недела на традицијата, на грозјето и производи од грозје во Тиквешијата
