УНИЦЕФ: Нигериската војска ослободи 25 деца

Нигериската војска денеска ослободи 25 деца откако утврди дека немаат врска со исламистичките групи на североисток од земјата, соопшти УНИЦЕФ.
Ослободените деца, 23 момчиња и две девојчиња, се предадени на властите во Борноу, држава која најмногу е погодена од судирите.
– Овие деца се одземени од нивните семејства и заедница, лишени од детство, образование, здравствена заштита и шанса да пораснат во безбедно и добро опкружување, рече в.д.претставничката на УНИЦЕФ за Нигерија, Пернил Ајронсајд.
На децата ќе им се овозможи пристап до медицинска поддршка, образование и обука, се наведува во соопштението на УНИЦЕФ.
Во судирите на владините сили со исламистичката група Боко Харам во Нигерија загинаа повеќе од 30.000 луѓе во изминатите 10 години.
Не е познато колку деца биле вовлечени во вооружени групи, вклучувајќи го и Боко Харам, ниту како биле регрутирани.
Ново на Сител
-

Нова сесија од стратешкиот дијалог со САД
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Низа настани за одбележување на 75-годишнината на Државниот архив
-

Дизелот поскапува, бензинот БС-95 поевтинува: Нови цени од полноќ
-

Нова сесија од стратешкиот дијалог со САД
-

Подгответе се за долги редици на граничните премини со ЕУ, од петок стартува новиот систем
-

Студентите албанци на протест: Бараат полагање на правосуден испит и на албански јазик
-

Јавна расправа за Совет на обвинителите
