Свет
6. November 2015 - 14:29

УНИЦЕФ: Колерата се шири низ Блискиот Исток

Епидемијата на колера, што се појави во Ирак, почна да се шири низ Блискиот Исток, зафаќајќи ги и Сирија, Кувајт и Бахреин, соопшти денеска директорот на Бирото на Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ) во Ирак, Питер Хоукинс.  

Според Хоукинс, постои опасност епидемијата на болеста дополнително да се пришири низ целиот регион на Блискиот Исток, особено ако се има пред вид дека во текот на декември во Ирак се очекува да дојдат милиони шиитски верници за време на празникот Арабаин, со кој секоја година се одбележува крајот на период на жалост по внукот на пророкот Мухамед, Хусеин.   

Хоукинс најави дека УНИЦЕФ во соработка со локалните шиитски духовници во градовите Наџаф и Кербала ќе дистирбуира информативни летоци за начините за заштита на верниците од колерата.

Епидемијата на колера се појави во Багдад во текот на септемри и од тогаш од болеста се заразија над 2.200 лица, од кои шест веќе починаа.

Според здравствените експерти, причина за појава на болеста сепоплавите. при кои реката Еуфрат и изворите за вода за пиење беа загадени со отпадни води.

На ширењето на епидемијата влијаеше и освојувањато на големи реони во северен и западен Ирак од страна на џихадиситчката група Исламска Држава, од каде побегнаа околу три милиони лица, од кои најголемиот дел живеат во кампови во кои нема елементарни хигиенски услови.