УНХЦР: Климатските промени предизвикаа раселување на милиони луѓе

Последиците од климатските промени веќе принудија милиони луѓе да ги напуштат своите домови, предупреди Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) пред денешниот почеток на Конференцијата на ОН за климата КОП30, што ќе се одржи во бразилскиот град Белем.
- Во текот на изминатата деценија, катастрофите поврзани со временските услови предизвикаа околу 250 милиони внатрешни раселувања, што е еквивалентно на повеќе од 67.000 раселувања дневно, се наведува во извештајот на УНХЦР.
Се додава дека три четвртини од луѓето раселени поради конфликти живеат во земји кои се особено ранливи на ефектите од климатските промени.
УНХЦР како климатски кризи ги наведува поплавите во Јужен Судан и во Бразил, рекордни топлотни бранови во Кенија и во Пакистан и недостигот на вода во Чад и во Етиопија.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Румен Радев е нов премиер на Бугарија, односите со Македонија не беа дел од првото обраќање
-

Македонија без многу очекувања од новата бугарска Влада
-

ВРЕДИ утре станува партија
-

Советничка на ЗНАМ ја напушти власта
-

Од понеделник поевтинуваат горивата?
-

ОЈО ќе го испитува случајот со заканите од 7-мо одделенецот во Битола
-

Каква помош им пружа државата на жртвите на семејно насилство?
