УНХЦР: Истекува времето на Европа за решавање на бегалската криза
Инцидентите на границата меѓу Србија и Хрватска, по што Загреб затвори некои гранични премини, како и тензичната ситуација на границата со Унгарија, претставуваат хаос и неред предизвикани од недостигот на конкретен и единствен одговор на Европа на бегалската ситуација, соопшти УНХЦР.
Со повеќе од 442.440 бегалци и мигранти, што од почетокот на годината пристигнале преку Средоземно Море, со околу 2.921 удавени бегалци и со над 4.000 што секојдневно пристигнуваат на островите во Грција, бегалската криза се зголемува и се префрла од една во друга држава без конкретно решение.
Страдањата и ризиците со кои се изложени илјадници бегалци и мигранти се зголемуваат, додека неизвесноста и недостигот на информации придонесуваат за очај и можноста од нови инциденти и непријателства.
Вонредниот состанок на Советот за правда и внатрешни работи закажан за 22 септември и состанокот на Европскиот совет, закажан за 23 септември се од пресудно значење за постигнување на договор. Овие состаноци може да бидат последна прилика за постигнување позитивен, единствен и кохерентен одговор на Европа на бегалската криза, смета УНХЦР.
Ново на Сител
-
Фрчковски повикан на консултации во МНР
-
Симовски: Бројките од пописот во Албанија се резултат на интензивна бугарска пропаганда
-
Засилени полициски контроли на најфреквентните места
-
Фестивалски викенд во Кратово „Златни денови 2024”
-
Аутдор фестивал „When in Krusevo“ по 8-ми пат
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО