Унгарски искуства за промоција на традиционалните производи
Економската соработка меѓу Македонија и Унгарија во континуитет бележи позитивен тренд, но може да биде уште поуспешна, преку дирекни инвестиции, заеднички проекти, размена на информации и заеднички настап на трети пазари, беше речено денеска на конференцијата на која беше презентиран системот „Хунгарикум“ за обединување и промовирање на автохтоните унгарски производи и услуги.
„Хунгарикум“ опфаќа 60 унгарски национални вредности, специфични производи, но и значајни личности кои оставиле свој печат во историјата на Унгарија.
- Целта на денешната конференцијата е да се презентираат позитивните примери и да се направи размена на искуства, како и бизнис соработка меѓу унгарските и македонските компании кога станува збор за промоција на традиционалните производи и услуги на домашниот и на меѓународниот пазар како национален бренд, изјави оперативниот директор на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) Александар Зарков.
Заедничката иницијатива за конференцијата, додаде, произлегува од веќе воспоставените активности на Сојузот во насока на промоција на македонските компаниикои имаат традиција во создавањето бизнис идентитет и успешно го промовираат македонскиот квалитет на домашниот и странските пазари.
- Ова е одлична можност да креираме додадена вредност, да ги искористиме искуствата и заеднички да настапуваме и на трети пазари, подвлече Зарков.
Заменик-државниот секретар во Министерството за земјоделство на Унгарија Лоранд Иштван Сакали и унгарскиот амбасадор во Македонија Ласло Дукс ги потенцираа добрата соработка меѓу двете земји и напредокот на политичките и економските односи.
- Според Унгарскиот завод за статистика во 2014 и во 2015 година е достигнат максимумот на трговската размена меѓу двете земји. Позитивниот тренд продолжува и оваа година, така унгарскиот извоз порасна за 20 отсто, а македонскиот за повеќе од 160 отсто, рече економскиот советник во Амбасадата на Унгарија Ервин Сел.
Трговската размена меѓу двете земји се движи околу 100 милиони евра годишно, а годинава веќе во првите осум месеци е остварено тоа ниво со потенцијал за натамошно унапредување.
Ново на Сител
-
Блумберг: Mајкрософт истражува дали DeepSeek незаконски презел податоци од OpenAI
-
Турција: Приведени 28 осомничени за смртоносниот пожар во ски-центарот Карталкаја
-
Хамилтон го искрши болидот на Ферари за време на тест возење во Барселона
-
Покрај Николов, Владата предлага уште тројца нови амбасадори, покрената постапка за отповикување на девет амбасадори
-
Шапката на Меланија го фрли во сенка Трамп | Александар Рашковиќ | Sitel Podcast 079
-
Општина Центар: Град Скопје ги остави улиците во смет, активирани 120 хигиеничари од Општината
-
Приведен 21 годишен жител од велешкото село Бузалково, кој се заканувал на комисија за возачки испит
-
Измамена скопјанка - И кажале дека нејзината ќерка прегазила дете и ако не сака таа да лежи во затвор треба да плати 3.200 евра