Унгарската влада со предлог на 26 мај за укинување на вонредните овластувања

Владата на Унгарија ќе достави предлог до парламентот на 26 мај за укинување на овластувањата за вонредни состојби наметнати поради пандемијата на коронавирус, најави шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Гергели Гулијас го наведе истиот датум што Орбан го назначи претходно минатата недела.
Гулијас рече дека ќе бидат потребни неколку дена за да парламентот го усвои предлогот, со кој ќе завршат широко оспорените вонредни овластувања по кои унгарскиот премиер посегна во коронакризата, а кои наидоа на големи оспорувања.
Со тие овластувања, на унгарскиот премиер му беа дадени овластувања за борба против епидемијата, што беше критикувано од групите за човекови права, неколку земји членки на ЕУ и Европската комисија. Орбан рече дека специјалните овластувања можат да бидат отповикани во секое време од парламентот, во кој неговата партија Фидес има двотретинско мнозинство.
Според законот, секој што намерно шири лажни информации што можат да ги вознемират луѓето или да ја поткопаат борбата против коронавирусот, може да се соочи со затвор до пет години.
Орбан беше поканет да учествува на дебата за ситуацијата во Унгарија на пленарната седница на Европскиот парламент со оглед на критиките на ЕУ, но тој го испрати министерот за правда на ЕП.
Во однос на рестриктивните мерки и пандемијата, унгарската влада постепено ќе ги укинува рестриктивните ограничувања во Будимпешта од понеделник, две недели по укинувањето на мерките за изолација во остатокот од земјата, објави Орбан.
Ново на Сител
-

Две лица загинаа во пад на мал авион на Велебит во Хрватска
-

МВР: Синоќа изречени 262 санкци за сообраќајни прекршоци во Скопје, шест возачи лишени од слобода
-

АМСМ: На Табановце за влез и излез во земјава и на Богородица за излез се чека од 40 минути до еден час
-

Активни девет пожари, два се под контрола, а 16 се изгаснати
-

САД и Канада не успеаја да постигнат трговски договор, канадскиот премиер најави контра царини за Вашингтон
-

Вирусот Западен Нил се шири низ Европа, најмногу случаи во Италија и Грција
-

Шеснаесет маратонци денеска ќе пливаат на 39. Охридски пливачки маратон
-

Одбележување на 25-годишнината од формирањето на ЕБР
