Унгарската претседателка Каталин Новак ја почна официјалната посета во државава
Претседателот Стево Пендаровски денеска со највисоки државни и воени почести ја пречека унгарската претседателка Каталин Новак.
Според агендата, Пендаровски и Новак ќе одржат тет-а-тет средба, по што делегациите од Северна Македонија и Унгарија ќе одржат пленарен состанок.
Во рамки на посетата, во црквата Св. Спас во Скопје претседателката Новак и претседателот Пендаровски ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев.
За време на официјалната посета, унгарската претседателка Новак ќе оствари средби и со претседателот на Собранието Талат Џафери, претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, а заедно со претседателот Пендаровски ќе остварат средба со претставници на младински организации.
Како што најави Министерството за внатрешни работи, денеска во Скопје има посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на централното подрачје на градот. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Ново на Сител
-
Стоилковиќ со честитка по повод 21 Мај – Светски ден за културна различност за дијалог и развој
-
Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони
-
Нестабилно со локален пороен дожд и грмежи
-
Претседателката Сиљановска-Давкова ќе се обрати на Форумот за културна дипломатија
-
Владина делегација предводена од Николоски во Лондон за договорот за стратешкото партнерство
-
Луѓе заробени на покриви откако поплави го погодија источниот брег на Австралија
-
Со дополнение на доказната постапка продолжува судењето за убиството на Вања и Панче
-
Се очекува предлогот за нов гувернер на Народната банка