-->
-->
Унгарија обвинета дека ги продава визите на ЕУ
-->
Унгарија, очигледно, за провизија ги продава визите на ЕУ на граѓани од таканаречените трети земји, пишува дневниот весник „Естерајх“.
Како што пренесува виенскиот весник, потпретседателот на Социјалдемократската фракција во Европскиот Парламент Јозеф Вајденхолцер, ја критикуваше Будимпешта затоа што, наводно, на странците им нуди дозволи за престој во ЕУ доколку купат државни обврзници во вредност од 300.000 евра.
Оваа понуда ја користат пред се Кинезите, Виетнамците и Турците.
Унгарската Влада ги отфрли овие тврдења, но опозицијата го критикува делувањето на власта тврдејќи дека владеjачката партија ФИДЕС со тоа ја доведува во опасност националната безбедност.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Еден убиен, четворица повредени во престрелка во Тетово
-
Разрешен началникот кој сакаше без налог да ја уапси директорката од Демир Хисар
-
Трибини - Место за гордост или сцена за инциденти?
-
Независните се сомневаат во одлуката на ДИК за кандидирање преку потписи
-
Топлотниот бран донесе зголемен број пациенти со мозочни и срцеви удари
-
Високите температури ги реактивираат пожарите
-
Пожарите во Малешевијата ги десеткуваа пасиштата
-
Климатските промени ги намалија приносите на мед