Унгарија нема да ги прими одбиените баратели на азил
Унгарија не сака да ги прифати барателите на азил за кои според Даблинскиот договор би требала да биде надлежна, најави денеска портпаролот на унгарската Влада, Золтан Ковач.
- Не. Унгарија никого нема да прими, порача Ковач во разговор со новинарите во Виена.
Со тоа Унгарија ќе ги расипе плановите на Виена случаите кои потпаѓаат под договорот Даблин3 да бидат вратени во соседните земји.
Ставот на унгарската Влада, Ковач го објасни со однесувањето на Австрија и Германија во текот на минатото лето и есен. Тој вели дека тогаш Австрија со конвои ги префрлала бегалците од Унгарија, а Германија со својата најава дека сите ќе ги прими им испратила покана на бегалците.
Ковач нагласи дека поради тоа Унгарија не се чувствува надлежна за бегалците кои преку Унгарија влегле во Австрија.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра