-->
-->
Унгарија нема да ги прекрши европските закони ако подигне ограда долж границата со Хрватска
-->
Унгарија нема да ги прекрши европските закони доколку изгради ограда на границата со Хрватска, но Европската комисија во принцип е против такви мерки, бидејќи не се во духот на ЕУ, изјави денеска во Брисел Наташа Берто, портпаролката на претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер.
- Границата меѓу Унгарија и Хрватска е надворешна граница на Шенген зоната и секоја земја има право самостојно да одлучи какви заштитни мерки да преземе на таа граница, истакна Берто.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан вчера нагласи дека ако бегалците почнат да влегуваат во Унгарија преку границата со Хрватска, тогаш исто како долж границата со Србија ќе биде подигната бодликава ограда.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Собранието расправа за измените во Изборниот законик за учество на независните на изборите
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска