-->
-->
Унгарија испрати помош за Македонија
-->
Во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје денеска ќе пристигне помошта што ја испрати Унгарија за настраданите во поплавите во Скопско, преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ.
Дирекцијата за заштита и спасување соопшти дека на примопредавањето на донацијата ќе присуствуваат амбасадорот на Унгарија во Македонија, како и претставници на македонската Влада.
Има најави за пристигнување на донациите и од Австрија, Словачка и Бугарија. Со овие донации се зголемува бројот на држави кои донираат помош за поплавените региони во Македонија преку Механизмот за цивилна заштита на Европската унија, информираат од ДЗС.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Со симулација на сообраќајна несреќа во Прилеп се одбележа 12 мај, Ден на медицинските сестри
-
Младите волонтери во хумана акција
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски
-
Таравари дефинитивно излегува од Влада, Мицкоски му посака среќа и добро здравје
-
Ахмети се антиквизира
-
Македонија со поддршка за формирање на суд за воени злосторства во Украина
-
Муцунски во Шведска