Унгарија го зема најголемиот кредит досега од Кина – Позајмица од милијарда евра
Кредитот, кој ѝ го дале Кинеската развојна банка, Извозно-увозната банка на Кина и унгарската филијала на Банката на Кина, целосно бил повлече на 19 април и мора да биде исплатен во рок од три години, пренесува Политико.
Официјална Будимпешта не го објави договорот.
Ова прво го објави унгарскиот економски магазин Портфолио, а потоа го потврди и владината агенција.
Значителното задолжување доаѓа во момент кога Будимпешта ги продлабочува своите врски со Пекинг, оценува бриселскиот портал.
Кинеските компании, како произведувачот на електрични автомобили БИД или технолошкиот гигант Хуавеј до сега вложиле вкупно околу 16 милијарди евра во земјата, кажа шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто.
Договорот за заемот овозможува финансирање инвестиции, меѓу другото, во инфраструктурата и енергетскиот сектор, соопштила владината агенција за Портфолио.
Трансакцијата го одржува односот на јавниот долг кон БДП во рамки на горната граница од 28,9 отсто, соопштила владината агенција.
Сијарто во мај најави низа заеднички инфраструктурни проекти со Кина, вклучувајќи брза железница до аеродромот во Будимпешта, товарна железничка линија околу унгарската престолнина, нафтоводи меѓу Унгарија и Србија и нуклеарна соработка.
Ново на Сител
-
Николоски: Важна средба на Мицкоски со Макрон
-
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да ја отвори истрагата за мазутот во ЕСМ
-
ДКСК: Екс министерката за култура трошела незаконски
-
Минчев: Новото законско решение ќе биде уставно
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба Мицкоски - Макрон
-
Квалитетот на високото образование зависи само од политичката волја во државата
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ