Се верува дека тој планирал заедно со други затвореници да побегне од затворот на спектакуларен начин, а се испитува дали тој се вратил до келијата кога му се слошило.
Полицијата откри тунел кој бил под тоалетот на Евангелиста во келијата, тунелот веќе бил ископан под ѕидините од затворот и електричната ограда.
Колку работата била добро направена сведочи и податокот дека 150 полицајци го пребарувале теренот 7 часа додека не го лоцирале тунелот. Тие претходно биле известени дека покојниот затвореник имал пеколен план, па тргнале во потрага. Пронајдени се вреќи со земја како и електричен кабел кој се простирал долж тунелот.
Тунелот сега е закопан.