Уметнички перформанс „Сите бои на џезот 2“ во Крива Паланка
Во галеријата на Градскиот музеј Крива Паланка синоќа се одржа уметнички перформанс насловен „Сите бои на џезот 2“. Џез-концерт одржа дуото Лина и Гордан Спасовски, кој свири џез-клавир, а дипломирал на Музичката академија во Грац.
Програмата беше надополнета со џез импресии на фотографска, видео и сликарска уметност на познатиот академски сликар од Крива Паланка, Роберт Цветковски, и на истакнати фотографи од повеќе генерации: Ѓорги Костовски, Стојанче Величковски, Кирила Цветковска и Стефан Јакимовски.
- Со овој настан нашата установа се вклучува во програмата на претпразнични настани од културата во градот, првпат во корелација на сите установи и чинители, поставена на високо меѓуинституционално ниво. Со неа и понудивме на кривопаланечката јавност бројни и разновидни активности за уживање во уметностите, во пресрет на новата година. Презадоволен сум од посетеноста на настанот и добрата атмосфера која владееше во друштво на нашите гости вечерва, рече Драган Величковски, директор на ЛУ Градски музеј, Крива Паланка.
Настанот беше во организација на Кривопаланечкиот музеј и Центарот за аудиовизуелни уметности од Крива Паланка, а е дел од неколкудневната манифестација „Новогодишни празнувања“ што ја организира Општината.
Денеска напладне на плоштадот „Карпошово востание“ ќе се одржи неколкучасовна забава за најмладите со Дедо Мраз, ученици од градот и специјален гостин Мартија Станојковиќ, а вечер во 20 часот е големиот концерт на „Црвена јабука". Настанот е во организација на Општина Крива Паланка.
Ново на Сител
-
Путин: Русија и Иран активно работат на меѓународната сцена, слично ги проценуваат настаните
-
Кривична пријава против маж од Косово поради давање поткуп
-
На Табановце уапсен маж од Полска, приложил фалсификуван документ
-
Уапсен 36 годишен скопјанец во паркот „Бранители“ во Драчево - Ги оштетувал иконите кај крстот
-
ФК Вардар го претстави новиот сопственик
-
Лавров ги осуди „деструктивните“ акции на САД во Југоисточна Азија
-
Минчев: Наследството од народното востание потсетник да ја поддржуваме слободата, правдата и еднаквоста
-
Средба Зеленски - папа Франциск