Свет
9. July 2022 - 10:32

Умерен земјотрес регистриран во Индонезија

– Земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала синоќа е регистриран во близина на брегот на Индонезија.

Епицентарот на земјотресот бил јужно од островот Јава, на длабочина од 54 километри.

Нема информации за повредени луѓе или причинета материјална штета.