Балкан
3. јуни 2021 - 18:39

Умерен земјотрес регистриран на грчкиот полуостров Пелопонез

Земјотрес со интензит од 4,8 степени попладнево беше регистриран на грчкиот полуостров Пелопонез, според податоците од Геодинамичкиот институт на Националната оперваторија, јави дописничката на МИА од Атина.

Епицентарот бил на 13 километри северозападно од градот  Калаврита, бил почувствуван и во Атина, а засега нема информации за предизвикана материјална штета.