Украл „пасат“ на Партизанска и барал 2.000 евра од газдата за да не го расклопи на делови
Секторот за внатрешни работи Скопје, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против В.П. (38) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „тешка кражба“, казниво по член 236 и „изнуда“,
казниво по член 258 од Кривичниот законик на Република Македонија.
На 05.јануари годинава околу 16.15 часот на бул. „Партизански одреди“ во Скопје пријавениот одзел патничко возило „Фолксваген Пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на З.Ц. (50) од Скопје, по што заминал во непознат правец. Потоа, за истото возило, со закана дека ќе го расклопи на делови доколку не му бидат дадени 2000 евра, го принудил оштетениот да ги плати парите за да си го поврати украденото возило.
На 08. јануари З.Ц. заедно со неговиот пријател М.Р. (45) од Скопје се сретнале со пријавениот, кој откако ги добил парите им кажал дека возилото ќе било донесено кај слаткарница во Стопански Двор. По преземени мерки и активности, од страна на полициски службеници на 15. февруаи во полициска станица во Скопје, во присуство на Јавен обвинител, било извршено препознавање на пријавениот.
Ново на Сител
-
Aрсовска: Запознајте го Бујар Аземи, сопственик на 12-катницата во Чаир, изградена без проект, на диво приклучена на струја, без платени комуналии
-
ЈП Лајка: Пронајдено младо куче затворено во напуштен автомобил без вода и храна
-
Фрлил кесичка кокаин, уапсен 35-годишник во Охрид
-
Расправија во Чаир заврши со пукање во воздух
-
Уапсени петмина во Драчево, се степале и оштетиле прозорци на куќа и автомобил
-
Поскапуваат горивата
-
Путин: Русија презема мерки за да му помогне на Иран
-
ИДФ: Нападнати шест ирански аеродроми, оштетени писти и авиони