Украинските власти му одредија домашен притвор на митрополитот Павле
Украинското правосудство одлучи да му одреди домашен притвор во траење од 60 дена на митрополитот Павел, старешина на манастирот Киевско-Печерск лавра, чии монаси беа обвинети за врски со Москва, а на кои им беше наредено да бидат протерани од црквата.
„Истражниот судија одлучи на осомничениот да му изрече превентивна мерка куќен притвор во траење од 60 дена, до 30 мај, во рамки на прелиминарната истрага“, соопштија од судот во Киев, надлежен за случајот.
Како резултат на тоа, Митрополитот ќе мора „да носи електронски уред за следење“ и „да се воздржува од комуникација со сведоци во контекст на кривична постапка“, подвлече судот.
Неколку десетици верници со икони во рацете се собраа во текот на денот пред Печерската лавра, голем манастир во Киев познат по своите златни светилки, во кој се наоѓа православна црква со историски врски со Москва.
Како што соопшти Службата за безбедност на Украина (СБУ), митрополитот Павло е осомничен дека ја „оправдувал вооружената агресија на Русија против Украина и ги величал нејзините учесници“. Исто така, постои сомнеж дека „ја нарушил еднаквоста на граѓаните врз основа на расна и национална припадност и нивните верски убедувања“.
„Законот и одговорноста за кршење на законот се исти за сите“, рече шефот на СБУ, Васил Маљук.
Монасите во тој манастир припаѓаат на Украинската православна црква, која е обвинета дека е поврзана со Руската православна црква, чиј водач, патријархот Кирил, го поддржува рускиот претседател Владимир Путин и неговата инвазија на Украина.
Украинската православна црква тврди дека е лојална на својата земја, ја осуди руската инвазија и се прогласи независна од Москва.
Но, СБУ тврди дека некои во таа црква одржуваат блиски врски со Москва. За време на рациите нашле руски рубли, пасоши и летоци со пораки од московскиот патријарх како доказ дека некои украински црковни функционери се лојални на Русија.
Манастирот Киевско-печерска лавра е во сопственост на украинската влада, а агенцијата што го надгледува ги известила монасите дека го раскинува закупот и дека имаат рок до среда да си заминат.
Ново на Сител
-

Кумановка измамена за 2.000 евра од вработен во туристичка агенција
-

Прегазено 11-годишно девојче во Скопје, возачот го напуштил местото на настанот
-

Израел му забранува на Црвениот крст пристап до палестинските затвореници
-

37-годишник од Виница нападнал полициски службеник
-

Речиси 27.000 домаќинства во Одеса останаа без струја по руски напад
-

Приведени две лица во Тиквешијата поради агресивно однесување под дејство на алкохол
-

Сиљановска Давкова на Парискиот мировен форум: Очекувам дискусии што ќе придонесат кон решавање на најгорливите глобални предизвици
-

Во Основниот суд Куманово одложено рочиштето за случајот Вангелица Илијевска
