Украинскиот и европските министри за одбрана се обидоа да ги усогласат ставовите околу условите за мир
Десетина европски министри за одбрана вчера се сретнаа преку видео-конференциска врска со својот украински колега за да ги координираат своите позиции во однос на американско-руската дипломатска офанзива со цел да се стави крај на војната, од која нивните земји се исклучени, пренесуваат француските меидуми.
На средбата во Талин, со која копретседаваа естонскиот министер Хано Певкур и Французинот Себастиен Лекорну, еден час дебатираа министрите на Литванија, Латвија, Норвешка, Финска, Шведска, Данска, Исланд, Холандија, Германија, Италија и Полска.
Учествуваа и украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров и претставници на НАТО и на Европската унија.
Цел на видеоконференцијата, одржана на третата годишнина од почетокот на големата инвазија на Украина, беше да се „зближи“ визијата на Европејците за условите за траен мир и поврзаните безбедносни гаранции, наведува француски извор близок до дискусантите.
Европејците стравуваат дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе ја заврши војната под услови поволни за Москва и без обезбедување безбедносни гаранции за Киев, па затоа бараат, иако засега без успех, место на преговарачка маса.
И покрај консензусот за руската закана, во Европа се уште се актуелни дискусиите за неопходните одговори, особено меѓу оние кои се за и против распоредување на мировници на украинска територија за спроведување на евентуалниот договор за прекин на огнот.
Дотолку повеќе што многу европски земји, особено источните, не ја кријат грижата за сопствената безбедност во случај на повлекување на сите или дел од 100,000 американски војници распоредени во Европа.
Ново на Сител
-
СДСМ достави документи до Владата
-
Меџити: Нема никаков скандал
-
Маркетите ќе бидат должни цените да ги објавуваат на интернет
-
Засилени полициски контроли
-
Младите би останале да живеат во Македонија, но треба да има подобри услови
-
Нови 35 проекти во Струмичкиот музеј
-
Преглед на вестите од светот
-
Американската резолуција за Украина изгласана откако доби европски „шмек"