Свет
9. March 2022 - 9:53

Украински војник ја запроси девојката на контролен пункт | ВИДЕО

Украински војник ја запроси својата девојка откако ја запрел на контролен пункт во близина на Киев.

Предлог за брак се случил во Фастив, во близина на Киев, додека војниците ги проверувале цивилите на воениот контролен пункт. Четири лица со рацете потпрени на автомобилот стоеле додека војниците ги претресувале. За тоа време, еден војник држејќи букет зад грбот клекнал зад девојка во виолетова јакна и држел прстен во раката.