Украински извори: Тројца цивили загинаа, а 17 се ранети во руските напади во Украина
Украинските власти денеска објавија дека најмалку тројца цивили загинале, а 17 се ранети во руските артилериски напади во текот на ноќта во источна и јужна Украина.
Украинскиот гувернер на Доњецк Павло Кириленко изјави дека синоќа на линијата на фронтот во источниот регион каде што се водат жестоки борби загинале три лица, а 10 се ранети.
Украинскиот Генералштаб извести дека продолжуваат жестоките судири во три области на Доњецк каде, според нивните извештаи, Русија ги засилува трупите се обидува да напредува.
Командата на украинската војска ги наведува трите града Бахмут, Лиман и Мариника како жаришта на линијата на фронтот, истакнувајќи дека во текот на претходниот ден Русија направила неуспешни обиди за напад таму.
Пет лица, меѓу кои и едно дете, се ранети вчера и во текот на ноќта во регионот Херсон на југ, изјави гувернерот Олександр Прокудин.
Прокудин рече дека руските сили извршиле 82 напади со артилерија, беспилотни летала и ракети на Херсон, регион кој е пресечен со фронтовата линија долга 1.500 километри и се уште се опоравува од поплавите предизвикани од уривањето на големата брана на Дњепар во јуни.
Во североисточниот регион Харков, 57-годишен цивил е ранет во руско гранатирање претходниот ден, изјави локалниот гувернер Олех Синехубов.
Ново на Сител
-
Постапки против дилери на марихуана во Велес и во Скопје
-
Втора ноќ по ред неидентификувани дронови надлетуваа над воените бази во Данска
-
Претставен Меморијалниот парк во Тетово во спомен на загинатите во модуларната болница | ВИДЕО
-
Поранешен кинески министер за земјоделство осуден на смрт поради корупција
-
Г.г. Стефан: Со изградбата на „Свети Константин и Елена“ се надминавме себе си
-
Романец со сила одзел златен ланец на лице во Ѓорче Петров
-
Кривична против 28-годишен скопјанец, в затвор му нашле марихуана
-
Го прекинале кабелот кој водел до електричното броило и направиле штета на ЕВН од 1.377.911 денари - кривична за две лица