Украински дронови погодија руски танкер
Украински дронови погодија руски танкер во Керченскиот теснец, со што накратко беше запрен сообраќајот на мостот што го поврзува Крим со Русија.
Бродот е оштетен, а на местото на несреќата пристигнале два реморкери, јавија руски медиуми, додавајќи дека од бродот на кој имало 11 луѓе не истекува нафта.
Станува збор за танкерот СИГ, што бил под санкции затоа што ги снабдувал со гориво руските сили кои му дошле на помош на режимот на Башар ал Асад за време на војната во Сирија.
Сообраќајот на мостот што го поврзува полуостровот Крим со Русија беше во прекин три часа пред да биде обновен рано утрово. Кримскиот мост е единствениот мост што го поврзува полуостровот со Русија и се користи за транспорт на опрема на руската Армија на украинскиот фронт.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на Влада
-
Протест во Неготино
-
Во Корча се градеше стратегија за подобра положба на Македонците во Албанија
-
Протест во Неготино
-
Прометот во маркетите вчера помал за 22%
-
СДСМ обвинува за цената на струјата
-
Кои кандидати се во игра за градоначалник на Скопје?
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Мирчевски се уште е во раководството?