Loading Video...
Свет
8. February 2025 - 16:43

Преглед на вестите од светот

Петта размена на изралески заложници за палестински затвореници од почетокот на прекинот на огнот помеѓу Израел и Хамас од 19 јанаури. Тројца заложници и 183 затвореници од кои 18 отслужуваат доживотна казна од утрово се на слобода. 

- Сега сум ослободен поради договор, договорот е поради преговори. Се недавем дека втората и третата фаза од договорот ќе бидат спроведени, дека војната ќе заврши и дека ние, сите затвореници, безбедно ќе се вратиме дома, изјава Охам Бен Ами, олободен изарелски заложник.  

Досега Хамас ослободи 18 израелски заложници, а од израелските затвори беа пуштени околу 550 палестински затвореници. Првата фаза од трифазниот договор предвидува 33 израелски заложници и над 1900 палестински затвореници да бидат ослободени. Втората фаза за која Хамас и Израел ги договораат последните детали опфаќа ослободување на преостанатите заложници и повлекување на израелските трупи од Газа.

Литванија, Летонија и Естонија се исклучија од електромрежата на Русија, се поврзуваат на мрежата на ЕУ.  Електричната мрежа остана единствената врска на овие три поранешни советски републики со Русија, откако тие се приклучија на ЕУ и НАТО во 2004 година. Брисел им помогна на балтичките земји да се исклучат од руската електрична мрежа со 1,2 милијарди евра.

- Мислам дека е важно да се подвлече дека се работи за безбедност. Се работи за тоа да не бидеме зависни. Ниту една европска земја не треба да зависи од Русија за ништо.Така што безбедноста е број еден, изјави европскиот комесар за енергија и домување Дан Јоргенсен.

Испраќањето на 2200 вработени во американската агенција за меѓународен развој УСАИД на принуден одмор е привремено запрено со судски налог. Забраната ја издаде федералниот судијата Карл Николс како одговор на тужбата поднесена од два работнички синдикати кои ги застапуваат федералните работници. Наредбата на претседателот Трамп работниците да заминат на прунуден одмор требаше да стапи на сила утрово.

Пред две недели Трамп ги замзрна сите тековни проекти кои се спроведуваат со помош на УСАИД ширум светот на 90 дена. според претседателот Трамп, во УСИД  има измами и корупција и треба да биде затворена.