Украински дрон погоди една од најпрепознатливите згради во Чеченија

Украински дрон рано утринава го погоди облакодерот Грозни-Сити (Grozny-City) во главниот град на Чеченија, предизвикувајќи силна експлозија која уништи повеќе катови на еден од најпрепознатливите објекти во регионот.
Првите извештаи се појавија на опозицискиот чеченски канал на Телеграм NYISO, а потоа беа потврдени од украинската набљудувачка група Exilenova+ и рускиот провладин портал Readovka. Снимките од местото на настанот покажуваат дека дронот го погодил облакодерот некаде околу 28-от кат, разнесувајќи ја фасадата на повеќе катови.
Чеченските власти засега не коментираа.
Во облакодерот се наоѓаат некои од најважните институции на Чеченија, меѓу кои, Советот за безбедност на Чеченија, Министерството за туризам, Државната ревизорска комора, Регионалната изборна комисија, локалната канцеларија на Министерството за правда, Канцелариите на партијата Единствена Русија и Државната нафтена компанија Чеченнефтехимпром.
Exilenova+ истакна дека зградата се наоѓа непосредно до седиштето на ФСБ за Чеченија, кое можеби било примарна цел пред дронот да биде пренасочен, веројатно од руските системи за електронско војување.
Нападот се случи истиот ден кога руската воздухопловна агенција Росавијација воведе привремени ограничувања за летови на аеродромите во Грозни, Владикавказ, Магас и Минерални Води поради сè поголемите закани од дронови.
Ова е најновиот во низата украински напади во Чеченија. На 2 декември, дронови погодија објект на ФСБ во областа Ахкој-Мартан, нанесувајќи значителна штета.
МИА
Ново на Сител
-

Пакетот законски измени неопходни за Safe City испратени до Собранието
-

СДСМ со антикорупциски тим на партијата ќе ги открива скандалите на ВМРО- ДПМНЕ
-

Груевски и Заев се скараа преку социјалните мрежи
-

Избори на пролет или во 2028-ма?
-

Радев: Впишувањето на Бугарите во Уставот на Македонија ќе го забрза нејзиниот пат кон ЕУ
-

Раст на економијата од 3,8% во 3 квартал регистрира статистиката
-

Минимално поевтинува преносот и дистрибуцијата на струја, се чека ЕВН да ја соопшти официјалната цена
-

Светски ден на волонтерството – Пратениците на еден ден беа волонтери на Црвениот крст
