Украинската војска издаде наредба за мобилизирање резервисти
Украинската војска издаде денеска наредба за мобилизирање резервисти, откако Русија им нареди на своите сили да се подготват за обезбедување на областите под контрола на бунтовниците во источниот дел на земјата.
„Ќе бидат повикани резервисти на возраст од 18 до 60 години… Повикот ќе започне денеска. Максимално ќе бидат ангажирани една година“, соопштија украинските копнени сили во порака на Фејсбук.
Украина денеска ги повика своите државјани веднаш да ја напуштат Русија, наведувајќи ја заканата од руска инвазија што може да го отежне обезбедувањето конзуларни услуги.
– Поради ескалација на руската агресија врз Украина, која може да доведе до значително намалување на можната конзуларна помош во Русија, Министерството за надворешни работи ги повикува граѓаните на Украина да се воздржат од патување во Русија, а оние во таа земја веднаш да ја напуштат нејзината територија, соопшти Министерството.
Ново на Сител
-

Според најновиот индекс македонскиот пасош е подобро рангиран од Албанија, БиХ и Турција
-

Путин: Меѓународната ситуација се влошува, светот станува сè поопасен
-

Општина Кавадарци повика заинтересираните да се пријават за Водици
-

Авион на „Туркиш ерлајнс“ принудно слета во Барселона поради закана со бомба на патник
-

ЕУ воспостави нов механизам за ограничување на цената на руската нафта
-

Лабрадор вклучен во терапевтскиот процес на Клиниката за психијатрија
-

Бруно Фернандеш нема да го напушти Манчестер јунајтед во јануари
-

Полска со порака до Трамп за Гренланд: Нападот на сојузниците би бил крај на светот каков што го знаеме
