Украинската криза ја донесе нафтата на највисоко ниво во последните 7 години
Цените на нафтата денеска, на почетокот на трговијата на лондонскиот пазар по признавањето од страна на Русија на двата проруски региони во источна Украина, надминаа 99 долари.
На почетокот на тргувањето во Лондон, цената на барелот скокна за 3,71 долари во однос на претходното затворање, на 99,1 долари. На американскиот пазар со барел во е-трговија се тргуваше по 4,41 долари повисока цена, 95,72 долари.
Русија во понеделникот ги призна Доњецк и Луганск и ги испрати своите „мировни” сили во двата проруски сепаратистички украински региони кои прогласија независност во 2014 година.
Западот и се закани на Москва со санкции во случај на напад врз Украина, а пазарите стравуваат дека санкциите може да ја опфатат и руската нафта. Русија е најголемиот извозник на нафта во светот, по Саудиска Арабија, и најголем производител на природен гас, јави Би-Би-Си.
– Украинско-рускиот конфликт би можел да има „значајни импликации” за цената на нафтата, изјави за Би-Би-Си Сју Трин, директор за макростратегија во Manulife Investment Management.
Трин предупреди дека санкциите што ќе ја принудат Русија да испорачува помалку нафта или природен гас „ќе имаат силно влијание врз светската економија”.
Ново на Сител
-
Матните настани за корупција, институциите да ги сфаќаат сериозно
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование
-
Антонио Јолески ја изгуби битката во Управниот суд
-
Мицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата
-
Мицкоски: Ќе бара ли Софија Бугари и во албанскиот Устав
-
Маричиќ, Шаќири и Бајрами ќе добијат апанажа
-
Поранешно „Македонија пат“ во катастрофална состојба: Изгорело возило вредно 200.000 евра
-
Скапите акцелератори набавени пред една деценија се уште не се во функција на пациентите