-->
-->
Украинска делегација патува во САД за да ги продолжи преговорите за постигнување договор за прекин на војната со Русија, изјави Зеленски
-->

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека делегација предводена од секретарот на Советот за национална безбедност, Рустем Умеров, веќе патува во САД за да ги продолжи преговорите за постигнување договор за прекин на војната со Русија, објави Укринформ.
„Рустем денес презентираше извештај и задачата е јасна: брзо и суштински да се разработат потребните чекори за прекин на војната“, напиша Зеленски на платформата Икс.
Тој додаде дека очекува резултатите од претходните состаноци со САД во Женева да бидат финализирани утре.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Правда: Вонредниот инспекциски надзор е незаконски
-

Сиљановска-Давкова: Одбраната на македонскиот јазик е во рацете на говорителите
-

Муцунски: Многу сме блиску до склучување договор со САД за тарифите
-

Функционерските плати нема да пораснат
-

ВМРО-ДПМНЕ: Платите растат
-

Рибокрадството не мирува
-

Вештачката интелигенција ќе го редифинира пазарот на трудот
-

Почна струмичкиот карневал
