-->
-->
Украинците објавија: Овде беше точната локација на нашите бродови, тоа се меѓународни води
-->
Украина денеска ја објави локацијата на која се наоѓале нејзините бродови кога руската крајбрежна стража отворила оган и ги запленила, а за кои Киев тврди дека се наоѓале на меѓународни води.Со оваа изјава, украинските официјални лица се спротивставија на руските тврдења дека украинските бродови ги повредиле руските територијални води во близина на Крим.
Украинското министерство денеска објави наводни точни координати на воените бродовите во моментот на конфликтот со руските бродови, според кои тие се наоѓале надвор од зоната на територијалните води.
Руската крајбрежна стража ги заплени бродовите, а руските власти наведоа дека на членовите на екипажот ќе им биде судено поради нарушување на руската граница. Москва додаде дека тие не се сметаат за воени заробеници.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Очевидци: Повеќе лица се повредени во експлозијата на аеродромот во Ријад
-

Кристијано Роналдо заработи суспензија од Португалската федерација
-

Силна експлозија на аеродромот во Ријад, авиокомпаниите откажуваат летови
-

Повеќе објекти осветлени во зелена боја како симбол на солидарност и нов живот
-

Мицкоски: Анкетите се лоша вест за опозицијата, клевети, навреди и измислици не поминуваат
-

Уапсен 31-годишник, кршел низ домот на својот чичко, па ја истепал сестра му
-

Ѓорѓиевски: Градските цвеќарници повторно ги ставаме во функција
-

Царинска управа: На Богородица спречен шверц на заштитени видови змии
