Украина: Напредуваме полека, но сигурно
Украинската армија полека, но сигурно напредува на фронтот во источниот и југоисточниот дел на земјата, како и во околината на Бахмут, изјавија високи воени претставници.
– Украинските одбранбени сили напредуваат во офанзивните операции. Непријателот пружа силен отпор, а трпи значителни загуби, објави на Телеграм Главниот командант на Украина, генерал Валериј Залужни.
Украинската заменик-министерка за одбрана Хана Маљар за националната телевизија изјави дека армијата напредува во одредени јужни области, особено околу двата окупирани града – Берџанск и Мариупол.
– Секој ден напредуваме. Да, напредокот е бавен, но сигурен, истакна Маљар.
Според неа, руската армија ги насочува своите сили кон јужниот фронт и кон Бахмут, каде што украинските сили освоија делови од територијата околу градот.
Тешките битки продолжуваат на истокот на земјата. Русија со месеци ги насочува своите сили таму за да обезбеди целосна контрола над регионите Доњецк и Луганск, посочи Маљар.
Ново на Сител
-
„Марш на ангелите“ во Кочани
-
Тема на денот со Конрад Блејер Симон, експерт за странско мешање и манипулирање со информации
-
Ескалираат тензиите на Блискиот Исток
-
Кризен штаб поради Блискиот Исток
-
Мицкоски не сака да ја коментира истрагата за Кочани - СДСМ ќе добие одговор на изборите
-
До средината на јули ќе се комплетира листата за кандидати за градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски: Има предлог термин за средба, да почекаме да се изјасни бугарската страна
-
Мицкоски: Во вториот квартал би требало да имаме извонредно висок раст на БДП