-->
-->
Украина ја повикува Русија да се откаже од логиката на војната
-->
Украина ја повика Русија веднаш да ги стопира акциите насочени кон влошување на безбедносната ситуација во зоната на руско-украинскиот вооружен судир, да се откаже од насилството и логиката на војната и да ги исполни обврските од Договорите од Париз и од Минск.
Апелот на Украина уследи откако вчера заменик шефот на руската претседателска администрација, Дмитриј Козак вчера предупреди дека под одредени околности Русија може да биде принудена да ги штити своите граѓани во источниот дел на Украина. Тој истакна дека големи воени акции може да означат почеток на крајот на Украина како држава.
Украина тврди и дека претставниците на Кремљ и медиумите ги засилуваат дезинформациите, во кои Киев се претставува како немилосреден агресор.
Официјален Киев оценува дека „Москва најверојатно веќе подготвила измислен изговор како би почначла нова фаза на вооружена агресија против Украина”.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонците ќе го живеат европскиот стандард за 56 години
-
Преглед на вестите од светот
-
Историски најниска излезност на локалните избори – Во прв круг избрани 44 градоначалници
-
Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп прогласи убедлива победа во првиот круг
-
Убедлива победа во Охрид
-
Убедлива победа во Струмица
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот: Каква е статистичката слика за локалните избори