Украина ја обвини Полска за „економски геноцид“

Позицијата на Полска за меѓународните квоти за товарен превоз за Украина е „економски геноцид“, изјави на прес-конференција во Киев заменик министерот за економски развој на Украина, трговскиот претставник на земјата Тарас Качка, објави агенцијата „Укринформ“.
– Сметам дека тоа е всушност економски геноцид и бесрамно исмејување на украинската економија. Тоа ја загушува нашата трговија со Европската унија“, рече Качка.
Тој додаде дека Киев „ќе го поставува овој проблем сè додека не се реши“.
– Веруваме дека тоа не е билатерално прашање, туку прашање на намерно оштетување на нашите економски односи со Европската унија, истакна Качка.
За 2020 година, Полска определи прелиминарен лимит за Украина од 160 илјади товарни превезувања. Во исто време, Киев веќе ја имаше известено Варшава дека на украинските превозници им се потребни најмалку 200.000 дозволи годишно.
Прашањето за создавање квота конечно ќе биде разгледано на состанокот на министрите за инфраструктура на Украина и Полска, закажан за крајот на ноември.
Ново на Сител
-

Македонија го празнува 11 Октомври - 85 години од народното востание
-

Почнува примената на системот „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и Дебар
-

Трамп удри по CNN, NBC и други телевизиски гиганти, истрага поради бојкот на Белата куќа
-

Во Претор најмногу врнежи, најстудено на Попова Шапка и во Берово
-

Трамп: Путин сака мировен договор, а Зеленски – не
-

Најмалку 12 загинати и стотици повредени во нападот врз аеродромот во Ријад, осуда од САД и ОН
-

Товарен воз излета од шините кај Риека, 11 вагони завршија во провалија
-

Поменливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
