Украдени триесет тегли ајвар во Кавадарци

Кражба на триесет тегли ајвар од подрум во Кавадарци била пријавена во кавадаречката полициска станица од општа надлежност, потврди денеска за МИА Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
- Несекојдневната кражба на цела кутија со тегли ајвар е заведена на 17 октомври, рече Додевски.
Посочи дека 20 кражби на грозје се регистрирани сезонава во полициската станица од општа надлежност Кавадарци, две во полициската станица од општа надлежност во Неготино и една во велешката полициска станица. - Ова се податоци за територијата која ја покрива СВР Велес, информира Додевски.
Во неколку кражби станувало збор за украдено веќе набрано грозје од нивите кое стоело во вреќи по редовите, а во повеќето од случаите крадците сами си береле туѓо производство тешко од 150 до две илјади килограми.
Во ПС ОН Кавадарци исто така има пријавено три кражби на пиперки и два случаи на оштетен насад од пиперки од страна на домашни животни.
Ново на Сител
-

Во ЈЗУ во Гостивар вчера прегледани 127 пациенти со симптоми на ентероколит
-

Тошковски: Ниту војската, ниту полицијата не треба да обезбедува водоводи
-

Ангелов: Во Крушево поради прекин на струја еден час не работел уредот за хлорирање на водата
-

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против сопственик на фирма за даночно затајување од 3,8 милиони денари
-

Тошковски: Водата во Гостивар може да се користи како техничка, продолжува испораката на флаширана вода
-

Зеленски: Ги сменив Федоров и Сирски за доброто на нацијата
-

„Бе-ем-ве“ повлекува повеќе од 744.000 возила низ светот поради ризик од пожар
-

Филмот „Одисеја“ со рекордни 87 милиони долари заработка за време на вториот викенд
