Украдени триесет тегли ајвар во Кавадарци
Кражба на триесет тегли ајвар од подрум во Кавадарци била пријавена во кавадаречката полициска станица од општа надлежност, потврди денеска за МИА Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
- Несекојдневната кражба на цела кутија со тегли ајвар е заведена на 17 октомври, рече Додевски.
Посочи дека 20 кражби на грозје се регистрирани сезонава во полициската станица од општа надлежност Кавадарци, две во полициската станица од општа надлежност во Неготино и една во велешката полициска станица. - Ова се податоци за територијата која ја покрива СВР Велес, информира Додевски.
Во неколку кражби станувало збор за украдено веќе набрано грозје од нивите кое стоело во вреќи по редовите, а во повеќето од случаите крадците сами си береле туѓо производство тешко од 150 до две илјади килограми.
Во ПС ОН Кавадарци исто така има пријавено три кражби на пиперки и два случаи на оштетен насад од пиперки од страна на домашни животни.
Ново на Сител
-
Косовец кој криумчарел мигранти при обид за бегство од полицијата оштетил две наплатни рампи, па излетал од патот
-
Вардар елиминиран од Лозана во Конференциската лига на УЕФА
-
Кошаркарите без „Северна“ на дресовите
-
Алкалоид на висински подготовки во Маврово
-
Кадетките на Македонија поразени од Словачка на ЕП
-
Бутел со пет нови играчи во составот за новата сезона
-
Тошковски: Безбедноста во сообраќајот е приоритет за МВР, продолжуваат засилените контроли
-
ЦУК: Од 13 пожари за 24 часа, 12 се изгаснати, еден под контрола