Македонија
25. August 2015 - 14:48

Украдени таблички од македонско возило во Пефкохори

Втор случај на украдени регистарски таблички од македонско возило во Грција, евидентирала полицијата на преминот кај Гевгелија.

Како што информираат од МВР, завчера на граничниот премин „Богородица“, Б.Ј. од Скопје, пријавил дека на 21 август во Пефкохори, Грција, украдена му е предната регистарска табличка од автомобилот марка „Ауди“

Според МВР, досега се регистрирани шест случаи на оштетување на возила на македонски државјани, кои сезонава се случија на повеќе места во Грција.