Украдени пари од црквата „Св.Еремиј“ во делчевското село Стамер
Делчево, 26 декември 2020 (МИА) – Украдени се пари од црквата „Св.Еремиј“ во делчевското село Стамер. Милан Велинов, кој е еден од одговорните во црквата, вели дека кражбата се случила во текот на вчерашниот ден по што настанот бил пријавен во полиција.
-Тоа се случи вчера, утрото по одржување на црковен обред. Одговорниот благајник кога дошол да ја отвори вратата на црквата, вратата била отворена, најверојанто со шпакла или шрафцигер. Притоа забележал дека двете каси биле насилно отворени. Во едната каса имало пари завиткани во пешкирче, нив ги немало, а исто и кај втората каса се украдени парите. Потоа дојдоа од полицијата, извршија увид, имаше уште една каса со ракофат и од неа се земени пари, покрај иконите што се ставаат пари не се земени, освен на една икона каде има пешкирче, вели Велинов.
Кражба на пари од црквата, како што додава за прв пат се случува во село Стамер. – Порано црквата стоеше отворена и никој не земал пари од неа, а сега што му текнало некому не знаеме. Најголем грев е од црквата да земеш пари, додава Велинов.
Црквата „Св.Еремиј“ во село Стамер е изградена во 2017 година. Жителите покрај за соборниот ден на „Св. Еремија“ доаѓаат и во други денови кога има празници. Во време на корона пандемија, како што додава Велинов, верниците ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19. Од полицијата го потврдија случајот и додадоа дека се работи на откривање на сторителот.
Ново на Сител
-
Канада испраќа во Украина дронови, муниција и оклопни возила вредни милијарда канадски долари
-
Приведен 43-годишен родител на фудбалер, по инцидентот на натпреварот меѓу пионерските екипи на „Шкупи“ и „Брегалница“
-
ФФМ го осуди инцидентот на натпреварот Брегалница – Шкупи: Нема компромис со насилството
-
Димитриеска-Кочоска во Загреб на потпишување Меморандум, Македонија се вклучува во иницијатива за унапредување на пазарите на капитал во Централна и Југоисточна Европа
-
Пропадна уште еден обид за конституирање на Собранието на Косово
-
Српскиот претседател претстави нови економски мерки за подобрување на животниот стандард на жителите на државата
-
Приведен 29-годишник, возел со 171 километри на час на место каде е дозволено 100
-
Приведен 36-годишник, при претрес на неговиот дом пронајдена е дрога