УКЛО објави конкурс за најдобар истражувачки труд и есеј

Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола објави Конкурс за најдобар истражувачки труд и есеј, на кој може да учествуваат студентите запишани на прв циклус студии во академската 2016/2017 година.
Од УКЛО-Битола информираат дека секој студент има право со посебни трудови и истовремено да конкурира и за истражувачки труд и за есеј.
- Конкурсот за есеј е тематски, посветен на екологијата и е со наслов „Повеќе внимание, ве молам! Студентите за зелена иднина, за нас се работи!“. Целта на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола е да промовира високи вредности и воедно, да ја поддржи кампањата на ЕУ за подигање на свеста во јавноста и нејзина сензибилизација при истакнување на важноста и одржувањето на чиста животна средина. Европската комисија во Република Македонија е коорганизатор на Конкурсот за најдобар есеј на УКЛО, информираат од секторот за односи со јавност на УКЛО-Битола.
Истражувачкиот труд се изработува по слободен избор и истиот може како и есејот да се пријави најдоцна до 31 октомври, посочуваат од УКЛО:
- Истражувачките трудови и есеите ќе ги оценуваат посебни комисии кои определуваат поблиски критериуми за вреднување на пристигнатите истражувачки трудови, односно есеите. За најдобрите есеи и најдобрите истражувачки трудови се доделуваaт плакети и одделно по три парични награди и за есеите и за истражувачките трудови, и тоа прва награда 20.000 денари, втора награда 15. 000 денари и трета награда 10.000 денари, потврдуваат од секторот за односи со јавност на УКЛО-Битола.
Ново на Сител
-

Лукровски повторно на работа, ги демантира шпекулациите за оставка
-

Воениот врв на НАТО, од Скопје најави оптимизација на мисијата на КФОР
-

Преглед на вестите од светот
-

Нов обид за деблокада на изборниот законик во Собранието
-

Имињата на новите министри до крајот на неделата ќе бидат поднесени во Собрание
-

Од 1 окотмври секој сам пред матичен ќе дава согласност за донирање на органи
-

Прилеп доби Центар за дневен престој на стари лица за активно стареење
-

Посета на врховниот командант на сојузничката команда за операции на НАТО за Европа
