-->
-->
Укинати забраните за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци Крива Паланка - ГП „Деве Баир“ и Кратово - Пробиштип
-->

Од 13:00 часот се укинуваат забраните за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци Крива Паланка – Граничен премин „Деве Баир“ и Кратово - Пробиштип, сооопшти денеска ЈП „Македонијапат“.
Оттаму потсетуваат дека забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка се уште е на сила.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во западните и југозападните делови од државата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

„Денови на македонската поезија“ по 36-ти пат во Гетеборг
-

„Бела ноќ 2026“ во Скопје - концерти, изложби, перформанси, настапи на диџеи и програма за најмладите
-

Во рускиот источен регион Иркутск млада жена почина од куга
-

Северна Кореја истрела балистичка ракета кон Јапонското Море
-

31 година од атентатот врз Киро Глигоров - сè уште без одговор кој стоел зад нападот
-

Сончево со мала до умерена облачност и студено утро
-

Г7 пушта до 100 милиони барели нафта и дизел од резервите за да ги намали цените
-

Од декември построги услови за кредит
