-->
-->
Укината забраната за камиони на патот Стража-Кичево и Крива Паланка-Деве Баир
-->
Од Автомото сојузот на Македонија информираат дека утрово во 9 часот и 50 минути е укината забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец крак Стража-Кичево, а во 9 часот и 15 минути на патниот правец Крива Паланка - граничен премин Деве Баир.
Остануваат забраните за движење на тешки товарни возила на патните правци Тетово - Попова Шапка, крак Маврово - Дебар и Струга - граничен премин Ќафасан.
Забрана за движење на автобуси има на патниот правец Тетово - Попова Шапка, а за останатите возила задолжителна е употреба на зимска опрема, велат од АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот после интервенција на дежурните екипи од Македонија пат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Студентите во блокада за вечерва најавија нови акции во повеќе српски градови
-
Поднесена пријава за лицето кое влечеше куче со возило
-
Петмина полицајци убиени, осуммина ранети во серија напади во Пакистан
-
Путин верува дека САД вложува „искрени напори“ за прекин на војната во Украина
-
Од утре аплицирање за субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година
-
Ангелов: Спречено проширување на пожарот во „Јасен“
-
Во Црна Гора и натаму активни повеќе пожари, но без нови жаришта
-
Царинска управа: Откриена царинска измама вредна седум милиони денари при увоз на месо