Укинат притворот на браќата Усеини
 Советникот од ДУИ и бизнисмен, Нефи Усеини и неговиот брат вчера доцна попладне излегле од притвор и ќе се бранат од слобода. Информацијата за „Фокус“ ја потврди претседателот на Основниот суд Охрид, Васил Баткоски.
Советникот од ДУИ и бизнисмен, Нефи Усеини и неговиот брат вчера доцна попладне излегле од притвор и ќе се бранат од слобода. Информацијата за „Фокус“ ја потврди претседателот на Основниот суд Охрид, Васил Баткоски.
Иако на браќата Усеини им беше продолжен притворот за 30 дена и беше покренат обвинителен предлог, тие понудиле гаранција во недвижности во вредност од 850 илјади евра, односно по 425 илјади евра. Овој предлог за гаранција бил доставен до Јавното обвинителство кое одговорило позитивно и се согласило со понудената гаранција. Вчера попладне заседавал Кривичниот совет при охридскиот суд кој на седница ја прифатил гаранцијата и браќата околу 17 часот попладне излегле на слобода.
Претходно тие нудеа гаранција од по 10 илјади евра, но не им беше прифатена. Сега двајцата ќе бидат на слобода и ќе ја чекаат правосилноста на пресуда како обвинети за нападот врз охриѓанецот, Спирко Топаловски. Судскиот процес ќе почне по 20 септември.
Ново на Сител
-   
           Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември
-   
           АВМУ: Од денеска на полноќ почнува изборен молк за вториот круг од Локалните избори 2025
-   
           ЈО: Обвинение за обид за изнуда и загрозување на сигурноста на градоначалникот на Неготино
-   
           Цената на преспанското јаболко
-   
           Народна банка: Стабилноста на банкарскиот систем и натаму јакне
-   
           Утре една година од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад
-   
           Расчистени кривични дела извршени од малолетници во реонот на Бит Пазар
-   
           Франција воведува специјални розови регистарски таблички




