Македонија
15. April 2019 - 13:53

Укинат куќниот притвор за Јанакиески за предметот „Титаник“

 
 

Кривичниот суд пред десетина дена му го укинал куќниот притвор на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески за предметот „Титаник“, кој се однесува на изборни нерегуларности, но и понатаму му важи куќниот притвор за 27. април.

Одбраната на Јанакиески вели дека укинувањето е резултат на тоа што не може паралелно да бидат активни две мерки куќен притвор.

– За 27. април имам куќен притвор и забрана за комуникација со инволвирани лица во настанот. Тоа по закон значи да не смеам да пуштам маилови и да комуницирам на мобилен со нив, рече Јанакиески денеска.