УЈП со информација за обработката на МПИН пресметките, започна постапка на обнова на јавниот клуч
Управата за јавни приходи започна постапка на обнова на јавниот клуч, кој се користи во постапката на декриптирање на МПИН пресметките поднесени преку клиентскиот софтвер при нивната обработка. Најавува дека ќе има одреден краток прекин во обработката на МПИН пресметките кои се изготвени преку клиентскиот софтвер, кој ќе трае до завршување на процесот на обнова на јавниот клуч и ги повикува даночните обврзници и вршителите на сметководствена дејност да не поднесуваат МПИН пресметки, изготвени преку клиентскиот софтвер, се до завршување на постапката на обнова на јавниот клуч.
- Сите МПИН пресметки поднесени до оваа објава преку е – пошта celaplata@ujp.gov.mk, ќе бидат обработени, велат од УЈП.
Напомнуваат дека оваа постапка нема да има влијание на обработката на МПИН пресметките поднесени преку системот е-даночни услуги.
По завршување на целокупниот процес, Управата за јавни приходи најави дека ќе излезе со дополнителни насоки за понатамошно постапување во однос на преземање на новиот јавен клуч на УЈП и поднесување на МПИН пресметките.
Ново на Сител
-
СДСМ: 150 дивоградби во Чаир - урбаната мафија хара
-
Партиите со мeѓусебни обвинувања за трагедиите во модуларната болница и дискотеката “Пулс”
-
Почна полагањето на државната матура – 15.000 ученици на жешките столчиња
-
Отворен ден на штипските средни училишта
-
Мирен марш за поддршка на Епископот Партениј
-
МПЦ-ОА одбележа 1700 години од првиот собор во Никеја
-
Бања од римски период откриена во приватен двор во струмичко Баница
-
Салите во ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп отворени и оспособени за одржување на настани, актерите бараат нов театар