УЈП отвори дополнителни шалтери за поднесување Годишна даночна пријава

Управата за јавни приходи од денеска отвори дополнителни шалтери на кои ќе може да се поднесат годишните даночни пријави.
Шалтерите, како што соопшти УЈП, се лоцирани на приземјето на Дирекцијата за големи даночни обврзници во зградата на ССМ.
- На овој начин граѓаните од Скопје, но и сите оние кои се од друг град, а кои привремено работат или живеат во Скопје, можат даночната пријава да ја поднесат на три локации, вклучувајќи ја Регионална дирекција Скопје и Даночниот шалтер Чаир. Исто така, пријавите може да се поднесуваат и преку Мобилните даночни шалтери на УЈП, се наведува во соопштението на УЈП.
Заклучно со 27 февруари поднесени се вкупно 140.052 годишни даночни пријави од кои 139.441 се примени на шалтерите, а 601 се доставени по електронски пат.
Крајниот рок за поднесување на Годишната даночна пријава е 15-ти март. За сите дополнителни информации и помош при пополнувањето на Годишната даночна пријава, граѓаните можат да се обратат во Инфо центарот 0800 33 000 или да побараат помош од даночните агенти во даночните канцеларии. Повеќе информации за локациите на даночните канцеларии може да се најдат на http://www.ujp.gov.mk/mk.
Ново на Сител
-

Реакција на ВМРО ДПМНЕ
-

Седум лица се приведени поради нарушување на јавниот ред и мир по завршувањето на фудбалскиот натпревар меѓу ФК Вардар и ФК Шкупи
-

Верстапен победник на трката за Големата награда на Катар
-

Српската рафинерија НИС нема да работи од вторник, нагласува Вучиќ
-

Зеленски разговарал со Руте: Ова се важни денови за Украина
-

Американски и украински претставници разговараат за мировниот план за завршување на војната во Украина
-

Нетанјаху побара помилување од претседателот Херцог во судењето за корупција
-

Бројот на жртви во големиот пожар во станбениот комплекс во Хонг Конг се зголеми на 146
